Приказната за нашата училишна градина во списанието Мајка и дете


„Децата од трето 3…Од училишна градина до училишна зимница“ е насловот на написот во списанието Мајка и дете каде се зборува за искуството на нашата наставничка Славица Зафировска и нејзините ученици во одгледување на производите на училишната градина.

„Оваа наставничка има прекрасен однос со своите ученици и вели дека е тоа само затоа што си ја сака работата што ја работи, а ги сака и децата, како и тие нејзе. Со многу разговор и љубов кон децата, вели таа, се стасува до посакуваната цел.“

„Активно продолживме со одгледување на градината, од производите во нашата училишна кујна направивме и зимница – жива туршија, секако, без хемиски додатоци, туку само со киселина и сол.
За време на пандемијата градината не беше празна, наставниците , техничкиот персонал на чело со директорката Наташа Тргачевска – Мојсовски заеднички ја одржувавме, па кога учениците ни се вратија во училиште имаа што да видат во градината.
И оваа година активно работиме најмногу со учениците. Тие со голема љубов и интерес излегуваат надвор и ја одржуваме онаква каква што е: убава, во сите бои и највкусна“.

Целосниот напис може да го прочитате на следниот линк: