Работилница за Св. Климент, наш татко и учител


На 07.12. се одржа работилница со учениците од 7-1 одделение за изработка на стара хартија, папирус. Учениците се запознаа со техниката за изработка на рециклирани листови на кои денес учениците од 8-2 одделение ги испишаа изработките за Климент Охридски, неговата биографија, песни, како и преданија поврзани со настанувањето на манастирите во Охрид кои ги носат имињата на просветителите Климент и Наум.

Целта на двете работилници беше да се разбуди интерес за проучување на стари зачувани текстови од историјата на нашата книжевност кои ден денес се чуваат во Охридската книжевна школа и учениците да научат нешто ново и да изработат заедничка креативна изработка.

Денес ги прочитаа творбите, разменија истражувачки информации и активно учествуваа во активноста.