Волонтерот обучи стотина ученици од предметна настава на кои им овозможи четириесет минутна практична обука за прва помош.
Учениците беа поделени во три групи а предавањето беше повторено три пати.
Учествуваа активно ученици од 6-9 одделение и научија како правилно да постапуваат со повреден.
Стана збор за техника за приоѓање на повреден, одржување свесност, реанимација, преврски на скршеници и мобилизирање на повредени места, давање вештачко дишење, како и правилна постапка за преврска на скршеници и сопирање на крварење од нос. Сето она што е потребно да го знаеме дури да стигне медицинска помош.
Обуката протече во убава атмосфера, а учениците имаа можност практично да ги применат научените техники.
Целта е да се оспособат што повеќе млади лица кои ќе умеат да помогнат доколку некој е во незгода.
(Првата помош е суштинска за повредениот, секој кој умее да пружи прва помош е корисен за себе и околината.
Подготвеноста да се понуди прва помош може некому ќе спаси живот.
Првите моменти по повредата се важни,со правилна употреба на неколку техники можете да си помогнете и да спасите живот.
Волонтер од „Црвениот Крст“ повторно гостуваше во нашето училиште и ги едуцираше учениците на тема прва помош и како да постапат правилно во момент на незгода и повреда).
Денес на барање на учениците а во соработка со волонтерите од Црвен Крст беше реализирана обука за прва помош.