Одбележување на Денот на побезбеден Интернет


ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се приклучи на иницијативата за одбележување на Денот на побезбеден Интернет. Учениците Теодора Стојчевска и Калина Ацевска од IX одделение преку презентација ги запознаа учениците со потребата од безбедно користење на Интернетот и внимавање на дигиталниот отпечаток кој се остава секогаш кога сме онлајн. Успешно поттикнаа дискусии со учениците и ги поттикнаа на размислување како се однесуваат кога се оналјн. Преку Kahoot квиз беше тестирано знаењето на учениците на оваа тема, што побуди огромен интерес, забава, но го поттикна и натпреварувачкиот дух кај учениците.