Работилница со родители за безбедно користење на Интернетот


Во рамки на одбележувањето на Денот на побезбедно користење на Интернетот на 09.02.2023 година се одржа работилница за родители - претставници од Советот на родители. Ученици од VIII и IX Одделение, претставници од ученичката заедница, ја реализираа оваа работилница заедно со наставникот по информатика Маја Виденовиќ. На истата се дискутираше за различните начини на кои кај учениците може да се побуди свеста за побезбедно користење на Интернетот, но и за софтверот кој овозможува контрола на користењето на Интернетот од страна на учениците. Беа поттикнати интересни дискусии и родители истакнаа дека би сакале почесто да дискутираат на оваа тема, која е од особена важност деновиве.