Мајчиниот, народен јазик е прататковина на нашите предци а за нас грижа и завет за светла иднина на идните генерации


Нашиот јазик е бистар кладенец од мисли плодови сочни, така Видое Подгорец ја опева љубовта опева кон јазикот кој  е душа на нашите дедовци кои со мајчиниот јазик ги искажувале своите мисли преточени во приказни и бајки слушнати покрај огништето во куќите  на своите прадедовци.

Милозвучен и топол како топла прегратка на нашата мајка, јазик од детството, како што кажал Круме Кепевски во својата прва граматика објавена пред 77 години.

Јазик како ехо на слатка мелодија и радост која воскликнува кога ќе го чуеме од некого денес, тоа е мајчиниот јазик, тоа е душата на народот која се пренесува како наживописна традиција за идните генерации кои со љубов го негуваат.

Современиот јазик е слика на богатата историја и традиција од  нашето поднебје која народот ја преточил од мисли во приказни и пораки кои ја опишуваат народната мудрост,итрина и снаодливост да се сочува се што е добро и вредно.

Учениците од нашето училиште твореа за лулката во која израснале - мајчиниот јазик.

Среќен меѓународен ден на мајчиниот јазик, а јазикот секогош ја отсликувал душата на народот и убавата шареноликост на се што поминало наназад низ вековите и се што останало да се чува и негува како светилники и вид во очите, кој ни дарува љубов и слобода на изразување во иднина.

Украсување на ѕидниот весник и етно катчето во училната:

„Чувај го јазикот како што си ја чуваш зеницата на окото, таа светлина ќе те води во животот.“