Развивање на љубов кон професијата програмер


Со цел развивање на љубов кон професијата програмер и поттикнување на интересот и мотивацијата кај учениците на 28.02.2023 во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, наставникот по информатика Маја Виденовиќ заедно со ученици оствари онлајн средба со програмери вработени во Google. Ни претставуваше огромна чест бидејќи средбата беше остварена со двајца програмери од Македонија, кои сега работат во Google - Ана Манасовска и Игор Петровски, кои со учениците го споделија својот напредок во професијата од студенти на ФИНКИ па до програмери во Google. Нивниот успех побуди низа на прашања кај учениците поврзани со инспирацијата и мотивацијата за оваа професија, напредокот во истата, како и работниот ден на еден програмер. Беше истакната и важноста на развивање на алгоритамското размислување од најрана возраст, изучување на програмските јазици и можностите за стекнување на соодветно образование. Мотивацијата, инспирацијата и желбата да се успее, како основни предуслови за да се стигне до етна таква работна позицција. Учениците беа љубопитни, поставуваа прашања и преку интерактивна дискусија ја развивавме љубовта кон професијата програмер.