Работилница/обука Кажи НЕ на насилството и дискриминацијата преку игра


И З В Е Ш Т А Ј
Од одржаната обука со работилница
„Кажи НЕ на насилствто и дискриминацијата преку игра“
 
На ден 09,.05.2023 година во просториите на ООУ Крсте Мисирков се одржа интерна обука за наставниците. На која беа споделени искуства и сознанија од реализираниот проект „Кажи НЕ на насилствто и дискриминацијата преку игра“ од наставникот Анета Придаенкоска.
Во првиот дел фокусот беше на следните теми:
  • Што е насилно однесување
  • Облици во кои се појавува
  • Причини за насилство
  • Знаци за претрпено насилство
  • Влијание врз здравјето добросостојбата на детето
  • Како да се препознае жртва на претрпено насилство
  • Влијание и карактеристики на булингот
  • Улоги во булингот
Сите овие аспекти беа презентирани и по истите се разви конструктивна дискусија.
Вториот дел имаше практичен карактер со примери за активности за ученици:
  • Презентација за врсничкото насилство за ученици,
  • видео,
  • padlet активност во која учениците даваат свое мислење на дадени ситуации:
  • Активност: „Добри и лоши зборови“
  • Активност: „Пренеси ја пораката“
Наставник:
Анета Придаенкоска