Учениците зборуваа за крвта, крвните групи и хемоглобинот како најважен составен дел на еритроцитите. Во таа насока научија како се приготвува Castle - Mayer-ов реагенс кој потоа го искористија во докажување на хемоглобинот.
Учениците учат техника на експериментирање, правење реагенси, работа со хуман материјал, стерилизација и дезинфекција, однесување и заштита при работа во лабораторија.