На денешната воннаставна активност учениците правеа природен сапун од лаванда и хималајска сол. Се запознаа со својствата на различните масла и масти, открија што е сапунификациски број (SAP), во каков сооднос треба да бидат маслата и базата и кои масла за каков тип на сапун користиме. Теоријата ја преточивме во пракса. Направивме квалитетен природен сапун. На крајот завршивме со споредување на pH вредноста на природните сапуни наспроти комерцијалните достапни во секој маркет.