Денови на електротехника


Овогодинешната манифестација „Денови на електротехника“ во организација на средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ се реализира во период од 02-06.05.2023 година. На манифестацијата учествуваа повеќе основни училишта од Македонија. На првиот ден од манифестацијата беше организиран натпревар. Нашите ученици Марија Миленковска, Михаил Филиповски и Христијан Топалов успешно ги применија стекнатите знаења по предметот физика и постигнаа одлични резултати.

На вториот ден учесниците имаа можност да го посетат Музејот на ЕВН – Изложбениот центар „Матка“.

Голема благодарност до училиштето Михајло Пупин за организацијата на настан кој ја промовира физиката. Ментор Анета Топалова.