Посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност


Учениците од паралелка VIII-1, 2, 3, 4 беа во посета на Музејот на македонската борба за државност и самостојност заедно со наставничките Десанка Ѓорѓиевска, Благица Атанасова и Виолета Миноска. Учениците сликовито ја воочија македонска реалност во борбата за самостојна држава и жртвата која македонскиот народ несебично ја дал остварувајќи го својот вековен сон.