Ние во улога на миколози


Нашето училиште води грижа за учениците кои сакаат да го продлабочат своето знаење на одредена тема или предмет. Во таа насока учениците ја посетија Миколошката лабораторија при Институтот за биологија на Природно – математичкиот факултет во Скопје која се занимава со истражување, колекционирање, одредување и проучување на габите во Македонија. Македонија изобилува со над 2500 различни видови габи. Видовме примероци од макромицети, ретки и значајни видови, нивно забележување во природата, начин на нивно собирање и чување, одредување/идентификација на терен, запишување на потребните податоци за секој вид и слично. Ја видовме габата Вештеркино срце која била откриена по течението на реката Радика, повеќе видови подземни габи – тартуфи итн. Правевме препарати со спори за микроскопирање, меревме нивна должина и ширина и заклучивме дека собирањето на габи ја прават исклучиво стручни лица бидејќи за тоа се потребни макроскопски и микроскопски подетални анализи. Добивме многу појасна слика за микодиверзитетот во нашата земја, а пред се за Јабланица, Бистра, Кожув и други области. Особена благодарност упатуваме до проф. д-р Катерина Русевска и ас. м-р Славица Тофиловска.

Ментор – Сашка Крстевски, наставник по хемија и биологија