Со цел продлабочување и проширување на знаењата како и нивна практична примена, учениците од петто, седмо и деветто одделение беа во посета на Ботаничката градина на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Најзначајното од она што имаа можност да го видат е објектот за аклиматизација, одгледување и репродукција на ендемични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на Македонија. Ботаничката градина како единствен објект од ваков вид во нашиот град, нуди можност учениците и да микроскопираат делови од растенијата и одредени развојни фази од животниот циклус кои им беа од особен интерес. Одговорни наставници за вонучилишната активност се Анета Топалова, Валентина Мишевска и Сашка Крстевски.