Учениците од VI и VII одделение за време на часовите по информатика активно работеа на продлабочување на своите знаења и вештини за онлајн безбедност. Преку користење на пристап базиран на игра, учениците на интересен и забавен начин ги продлабочуваа и евалуираа своите знаења на оваа тема. Беше искористена мобилна игра – ZippyGo, која го привлече интересот и мотивацијата на учениците. Тоа што играта се реализираше во училишниот двор, преку пристап на outdoor learning, доведе до активно учество на учениците и многу забава. Учениците работеа во групи, при што се внимаваше составот на групите да овозможи секој ученик да го даде својот максимум. Работата во групи доведе до комуникација и соработка помеѓу учениците, а истовремено го поттикна и натпреварувачкиот дух кај учениците. Одличен пристап за стекнување на трајни и продлабочени знаења, во кој учениците беа нестрпливи да ја завршат играта и да ги постигнат наставните цели.