Едукативната Escape room игра беше последна активност на часовите по информатика во учебната 2022/2023 година. Учениците работеа во групи и се соочуваа со интересни предизвици и загатки, кои требаше да се решат за да се заштитат податоците на сите ученици во училиштето. На тој начин беше поврзан едукативниот и забавниот елемент на игрите. Учениците се забавуваа, натпреваруваа и часовите беа полни со возбуда и желба да се продолжат активностите и следната учебна година.