Нашата ученичка Бисера Дрндар, учествуваше на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржа од 19-25 јули 2023г., избрана како една од вкупно 25 деца од Македонија и дијаспората. Целта на проектот беше стекнување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од македонската дијаспора, како и поттикнување на интересот за СТЕМ едукацијата и за кариерен развој во овие области. Темата на годинашниот камп беше „Енергија - СУПЕР МОЌНОСТ“, со примарен фокус на одржливо справување со енергетските предизвици во реалниот свет користејќи Lego модели и Fable компоненти за решавање на реалните проблеми. Доделувањето на сертификатите беше во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и „Macedonia 2025“.