26 септември е определен за Европски ден на јазиците од Советот на Европа и Европската комисија во 2001 година, со цел да се прославува културното наследство, кое претставува составен дел од јазиците во Европа, вклучително и јазичната шареноликост и доживотно изучувањето на јазиците. По повод Европскиот ден на јазиците, во нашето училиште се одржаа повеќе работилници на кои се истакна потребата за изучување на повеќе јазици и културното богатство кое се стекнува преку нивното изучување.