Учениците од нашето училиште истражуваа на тема здрава храна.
Чистата вода е основен ресурс за одгледување и чистење на храната.
Избалансирана разновидна храна и редовна физичка активност се неопходни за нашиот организам.
Преку истражување,учење и приготвување на храна учениците активно се вклучуваат во афирмирање на здрав начин на живеење.
За време на задачата покажаа интерес, креативност и дојдоа до заклучок дека: „Здравјето се внесува преку храната“.