ЧЕСТИТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ. Почитувани наставници, просветни работници. Со искрена благодарност за Вашиот труд и посветеност на непроценливата мисија за образование и воспитание на децата и младите, Ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот. Велат: “Зад секој успешен човек, стои голем учител”. Вашата мисија создава трајни вредности во животот на секој еден човек. Од срце Ви благодарам за се што правите во градењето на новите генерации, бидејќи образованието е еден од најважните сегменти во човековиот живот. Искрено се надевам дека ќе останете посветени на Вашата благородна мисија, а мојата поддршка како градоначалник на општина Гази Баба ќе продолжи со континуирана реализација на проекти и активности за подобрување на условите за настава во училиштата.
Честитка од градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски до сите просветни работници.