Развивање на љубовта кон хемијата


Учениците од хемиската секција - Млади хемичари, работат вредно, посветено и со голема љубов кон хемијата како експериментална наука. Изминатиов период изолираа скроб од компир, микроскопираа скробни зрна и правеа споредбена анализа со форма и големина на скробни зрна од ориз и пченица.
Скробот помина преку фаза на дехидратација и сега е подготвен за понатамошни испитувања.
Петар, Хамза, Матеа, Ања, Бисера, Мила и Ангела се нашите научни херои. Кон оваа листа наскоро ни се приклучуваат и ученици од осмо одделение.