Учениците од ООУ Крсте Мисирков Скопје се вклучија во одбележување на Европската недела на кодирање. Беа реализирани голем број на активности за развој на алгоритамското размислување на учениците и зајакнување на нивните вештини за кодирање. Развивањето на овие вештини преку игра, како и креирањето на апликации беа активности кои најмногу го привлекоа интересот на учениците.