Согласно Годишната програма за работа на училиштето, резултатите од самоевалуацијата и законската обврска на наставниците, на ден 13.11.2023 наставниците од предметна настава во нашето училиште проследија еднодневна обука. Обуката се однесуваше на примена на Националните стандарди во поучувањето и во оценувањето на учениците. Целта на обуката беше да се разграничи формативното од сумативното оценување и да се изедначат критериумите за оценување на ниво на училиште. Хоризонталното и искуственото учење е добар пат за развивање на позитивна училишна клима, споделување и унапредување на квалитетот на воспитно образовната работа.