Дабар 2023


Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ учествуваат во интернационалниот натпревар Дабар 2023, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки.
Дабар е настан наменет за ученици од основните училишта (од 1.-9.одделение) и средните училишта (1.-4. година), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Тој е исклучително популарен, се спроведува во многу држави и има добиено повеќе признанија и награди на разни научни конференции. Задачите кои им се даваат на учениците се создадени со цел да ги мотивираат нив да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата.