Одбележувајќи ја 30 годишнината од ратификацијата на Конвенцијата за права на детето, Ученичкиот парламент при ООУ "КРСТЕ МИСИРКОВ" СКОПЈЕ го одбележа 20 Ноември, Светскиот ден на детето. На состанокот присуствуваше и ученикот правобранител. Оваа продуктивна средба учениците ја искористија да подискутираат за важни прашања од училишниот живот, при што изнесоа и предлози кои произлегуваат од спроведена анкета. Пораките кои ги напишаа ги истакнуваме во училишниот хол. Демократската партиципација на учениците е предуслов за градење здраво општество во кое ќе се почитува демократијата како општествена доблест.