По повод одбележување на 3-ти Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост, учениците - членови на Ученичката заедница во соработка со училишниот дефектолог и тимот на Ученичка заедница, реализираа активност на тема: "Сите сме еднакви". Преку активноста беа пренесени пораки за безусловна љубов, прифаќање, поддршка, соработка, емпатија.
Учениците упатија апел: "Да ги забележиме можностите и потенцијалите, а не попреченоста, бидејќи препреките се мали ако луѓето се големи!".