Во пресрет на 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права, учениците од дебатната секција од нашето училиште дебатираа на две теми кои се многу актуелни и претставуваат предизвик за младите луѓе.
Првата тема за дебата беше: ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПОСТОЈАТ ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛУВААТ ПОТРЕБИТЕ НА ЛУЃЕТО, А НЕ ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ НИВНИТЕ ЖЕЛБИ. Втората тема за дебата беше: ОД НЕНАСИЛСТВО ДО ЛИДЕРСТВО.
Дебатирањето е вештина која им помага на учениците да развиваат критичко мислење и да користат аргументи при дискутирање на одредена тема.