Предавање на тема „Волшебната ортодонција – дел од превенција на дентофацијалниот систем“


Денес во нашето училиште специјалист ортодонт Др. Марија Караѓозова одржа предавање на тема „Волшебната ортодонција – дел од превенција на дентофацијалниот систем“ со што учениците од VIII и IX одделение се запознаа со превенцијата и правилен раст и развој на оралофацијалниот систем. На предавањето беа поделени соодветни флаери со 15 златни правила за орално здравје.