Развиваме алгоритамско размислување преку игра


Алгоритамското размислување, како една од најважните вештини кои е потребно да ги поседуваат нашите ученици, се развива на најразличен начин во текот на наставата. На часовите по техничко образование и информатика, истото го развиваме преку игра, укажувајќи и на едукативната вредност на игрите.