Одржана работилница работилница „Примена на генеративна вештачка интелигенција во образованието“


Со цел зајакнување на своите професионални компетенции и одржување тек со современите приоди во реализација на наставата, наставниците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, присуствуваа на работилница „Примена на генеративна вештачка интелигенција во образованието“. Работилницата ја реализираше наставникот ментор Маја Виденовиќ. Истата ги запозна наставниците со поимот за генеративна вештачка интелигенција и можностите кои ги нуди истата. На наставниците им беа презентирани голем број на алатки кои може да се користат од страна на наставниците за генерирање на текст, слики, аудио, видео, како и опциите како овие алатки може да се искористат за креирање на сценарија за часови, планови на активности, презентации, листи за оценување итн. Наставниците преку практична работа ги истражуваа ги истражуваа можностите кои ги нуди вештачката интелигенција и како истата може да се искористи во наставниот процес за подобрување на квалитетот на наставата и поттикнување на интересот и мотивацијата на учениците за активно учество во истата. Креираа сопствени едукативни материјали кои може да се користат во наставата веднаш со почетокот на второто полугодие. Наставниците покажаа значителен интерес за примената на вештачката интелигенција во секојдневната работа.