Одбележување на Светскиот ден на побезбеден интернет


Учениците од ООУ "Крсте Мисирков* Скопје активно се вклучија во одбележување на Светскиот ден на побезбеден интернет, кој оваа година се одбележува на 6 февруари. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите.
Преку соученичко учење, отворени дискусии и учење базирано на игра учениците ги продлабочија своите знаења и вештини од областа на сајбер безбедноста. Учениците од IX одделение Ања Симоновска и Мила Петковска, во улога на наставници реализираа презентација и работилница со учениците од VI одделение. Тие поттикнаа отворени дискусии за тоа како треба да се однесуваме онлајн и како да се заштитиме од несакани активности. Потоа користејќи Kahoot квиз го тестираа знаењето на учениците за оваа тема, поттикнувајќи го натпреваруваќкиот дух и овозможувајќи учење на интересен и забавен начин.