Активности за одбележување на Недела на информатиката


Во периодот од 05.02.2024 до 09.02.2024 во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје се реализираа голем број на активности кои имаа за цел промоција на информатиката како наука и зајакнување на интересот на учениците за информатичките професии.
Учениците од IX одделение подготвија презентации и реализираа работилници со учениците од VI одделение. На тој начин преку соученичко учење кај учениците се продлабочија знаењата и вештините за однесување во онлајн просторот. Преку отворени дискусии учениците изведуваа заклучоци како да се заштитат во сајбер просторот каде поминуваат голем дел од нивното слободно време. Потоа учениците реализираа Kahoot квиз со цел да ги проверат стекнатите знаења, што доведе до голема компетативност кај учениците и го зајакна нивниот натпреварувачки дух.
На учениците им беа презентирани и едукативни игри во Scratch, креирани од ученици од повисоките одделенија, на тема сајбер безбедност, што кај нив ја продлабочи желбата за совладување на тајните во програмирањето и учество во воннаставни активности поврзани со информатиката.
Беа поттикнати и голем број на дискусии за придобивките, но и предизвиците кои се појавуваат со навлегувањето на вештачката интелигенција во образованието.
Учениците изработуваа и постери за побезбедно користење на интернетот, како на хартија, така и електронски, користејќи Canva.
Користејќи QR кодови кај учениците ан еден забавен начин се поттикна стекнувањето на знаењата од различни области на информатиката. Учениците работа во групи, соработуваа, истражуваа и заеднички донесуваа заклучоци, што ги зајакна и нивните компетенции од областа на медиумската писменост.
Голем број на активности кои ги зајакнаа интересот и мотивацијата на учениците за изучување на информатиката и ја поттикнаа нивната желба за истражување на светот на информатиката.