Учество на работилница за одржливост во дигиталното образование


На 15 и 16.02.2024 година наставникот по информатика Маја Виденовиќ зема учество на работилница за дигитално образование и одржливост на европско ниво во Париз, Франција. Работилницата беше организирана од European Digital Education Hub (EDEH) и главна цел беше да се проанализираат тековните образовни политики поврзани со имплементација на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации во дигиталното образование, одржливоста и дигиталното образование, како и да се постават цели за понатамошни активности. Заедно со претставници од основно, средно и високо образование, и од различни образовни институции од различни европски држави, се анализираа различни пристапи за ефективна одржливост во дигиталното образование. Преку групна работа беа проанализирани резултати од истражувања, беа идентификувани и предизвици со кои се соочуваат различните држави и беа предложени активности за надминување на истите. Наставникот по информатика ги презентираше состојбите во нашата држава и истакнаа идеи за успешна одржливост во дигиталното образование, со што изврши промоција на нашето училиште, но и на нашата држава во европски рамки.