На 27.02.2024 година се одржа училишен натпревар по информатика во организација на Здружение на информатичари на Македонија. Натпреварот се реализираше преку решавање на задачи кои ги проверуваа вештините за алгоритамско размислување, како и знаењето на учениците за програмирање во C++. Бисера Дрндар од IX-2 и Илина Димитриевска од VII-1 се ученици кои обезбедија учество на регионалниот натпревар по информатика.