Пи ден


Архимедова константа или уште позната како Лудолфов број, кој претставува размер на обиколката на една кружница со нејзиниот дијаметар е константата Пи чија вредност е 3,14159265358......
Во чест на првите три значајни цифри на бројот Пи 3,14 овој ден 03.14 го славиме како меѓународен Пи – Ден! Ја славиме математиката и целата нејзина убавина!
Нашите ученици по тој повод беа дел од многубројните активности и навистина уживаа во истите, а и научивме по нешто повеќе за овој посебен ден.
П.С. Алберт Ајнштајн – Среќен роденден!