Го одбележуваме Светскиот ден на лицата со Даунов синдром


По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 Март, да ја подигнеме свеста, да покажеме емпатија и да ги отстраниме стереотипите. Иницијативата за "Шарени чорапчиња" потекнува од организацијата "Down syndrome International", кои сугерираат дека хромозомите изгледаат како чорапи, па оттаму е и идејата за шарени чорапи во чест на лицата со Даунов синдром. Во знак на поддршка, да ги почитуваме, прифатиме, да другаруваме и да ги вклучиме во свет на еднакви можности.