Musée d’Orsay, Opéra Garnier...
За крај на оваа прекрасна и возбудлива активност учениците беа во посета на пекарата Пастел, кадешто имаа можност да дегустираат француски специјалитети ( кроасани, багет, тарт, разни видови колачи и пецива).
Учениците од седмо одделение заедно со наставничката по француски јазик Каролина Димовска на 26. 03. 2024 г. беа во посета на Францускиот институт во Скопје. Учениците се запознаа со активностите на Францускиот институт и ги разгледуваа ресурсите од медијатеката (француски списанија за млади, стрипови, најнови наслови на романи и книги на лесен француски јазик наменети за млади, книги за изучување на францускиот јазик, вежбанки и работни тетратки, книги за подготовка на сертифицираните испити ДЕЛФ ДАЛФ, тематски колекции на книги). Се запознаа со содржините од дигиталната библиотека на Францускиот институт од најновата понуда на најдобрите француски автори и уметници (подкасти, веб конференции, француска музика, двојазични стрипови за млади, преку 400 наслови на списанија и весници). Учениците со воодушевување ја испробуваа опремата за виртуелна реалност и имаа можност да доживеат извонредно искуство од виртуелната прошетка на Париз и посета на неговите познати најзначајните културно-историски знаменитости: la Tour Eiffel, l’Hotel de ville,