Светски ден на аутизмот


Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам. По тој повод и Ученичката заедница при ООУ Крсте Мисирков одржа работилница и нивните изработки ги изложи во Училишниот хол, со цел да се срушат бариерите.