Грижата за професионалната ориентација на нашите ученици е еден од нашите приоритети. ПАТОТ ДО МОЕТО НОВО УЧИЛИШТЕ е насловот на активноста, каде со група ученици беше посетено СУГС „Панче Арсовски“ на отворениот ден. Учениците имаа можност да го проследат патот до училиштето, како и непосредната околина. Се запознаа со начинот на кој функционира училиштето и како се реализира наставата во истото.