Нашата ученичка Анѓелка Бошковска заедно со уште 19 ученици од основните и средни училишта во Македонија учествуваа на бесплатниот летен франкофонски камп во Охрид, во организација на Фондацијата „Бел Идеал" од Париз. Еднонеделниот камп беше убава можност за нови другарства и усовршување на францускиот јазик и култура.
Да се потсетиме, нашата Анѓелка освои второ место на државниот натпревар за пеење. Најдобра франкофонска песна, а наградата беше учество на кампот.