ПРОЕКТИ ВО КОИ АКТИВНО УЧЕСТВО ЗЕМААТ УЧЕНИЦИТЕ ОД СЕКЦИЈАТА ПО ИНФОРМАТИКА
Проект - Холокаустот на македонските Евреи
Дел од продуктите кои беа изработени од учениците како резултат на реализација на Проектот се: PowerPoint – презентација и филм на кој се опишани сите чекори, постапки и стекнати сознанија. Уште на самиот почеток го имаа во предвид фактот дека проектот не е цел сама за себе, туку средство за постигање на зацртаните наставни цели. Истото се однесуваше и за користењето на ИКТ – алатките во наставата. Создавањето на филмот од мноштво фотографии, документи и видео – клипови за учениците претставуваше вистински предизвик, особено откако им ги демонстриравме можностите што ги нудат алатките од пакетот Learning Suite. Тоа им ја зголеми креативноста и мотивацијата за работа, што може да се види од подготвените продукти. Од апликациите искористени се: Windows Live Movie Maker, Photo Gallery, Microsoft Research AutoCollage, Photo Story