KAHOOT 2016


Спроведен Kahoot натпревар помеѓу учениците од VI и VII одделение во рамките на одбележување на Недела на информатиката

Натпревар помеѓу учениците од VI и VII одделение на материјалот кој се изучува во наставната програма со посебен осврт на теми поврзани со безбедно користење на Интернетот беше една од спроведените активности за одбележување на Неделата на информатиката во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје.

За спроведување на натпреварите се користеше апликацијата Kahoot, која учениците ја инсталираа на своите телефони. Победник во квизот беше оној тим кој одговорил точно на најголем дел од прашањата за најкраток можен рок. Натпреварувачкиот дх, задоволството од користење на мобилни апликации и учење преку игра се гледаа на лицата на учениците кои беа возбудени од начинот на реализација на активностите. Активностите беа следени и од психологот во училиштето. Интересно е што учениците појавија интерес за употреба на мобилните апликации во наставата и на други часови.

Победник од VI одделение е: Марија Стојановска – VI-3 одделение

Победник од VII одделение е Тимот: Дарио Тасевски, Филип Ѓуревски и Иван Георгиев од VII-2 одделение