Прием на првачиња 2016


На ден 01.06.2016год. училиштето организираше свечен прием на првачињата на првиот училишен час.

За оваа пригода училиштето беше посебно украсено со пригодни декорации кои создадоа пријатна атмосфера и придонесоа чинот на поаѓање во училиште засекогаш да им остане врежан во сеќавањата на учениците како свечен и возвишен момент.

Постарите другарчиња подготвија посебна програма со која ги поздравија и им посакаа топло добредојде на нашите нови ученици.

Претставници од Ротари клубот беа присутни на програмата и го збогатија моментот со доделување на училишен ранец и прибор за секое прваче.

На учениците им беа подарени посебно спакувани чоколадца со логото на училиштето и изработени беџови со нивните имиња кои засекогаш ќе им бидат спомен на првиот училишен ден.