Круг на хуманоста 09.2016


По повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица ООУ Крсте Мисирков организира и учествуваше во низа активности.

На 02. 09. 2016 беше организирана и реализирана хуманитарна акција „Круг на хуманоста“. Целта на акцијата беше развивање на перцепција на хуманост кај учениците, наставниците и родителите.

За таа цел во холот на училиштето се изработи круг на хуманост кој учениците од прво до деветто одделение го формираа со редење на монети.

Собраните средства се наменети за поплавените семејства.

Кај учениците се создаде правилна  перцепција за хуманост и се чувствуваа задоволни од учеството во овој проект.

Одделенскиот час беше посветен на животот и делото на Мајка Тереза и прочитан пригоден реферат.

На 10.09.2016 дел од нашите ученици имаа чест и задоволство да учествуваат на ликовниот хепенинг организиран во спомен куќата на Мајка Тереза од страна на МОН.

Учениците твореа и полни со импресии го споделија доживувањето со своите другарчиња.