Безбедност 2016


На ден 21.09.2016 год. Во нашето училиште се организираа целодневни активности посветени на „Безбедноста на учениците во околината“. Во сите одделенија се водеа дискусии за важноста на безбедноста на учениците во околината, во разни ситуации во кои би се нашле и како да реагираат и се однесуваат во случај на ситуација која им ја нарушува безбедноста. Се спроведоа и работилници на оваа тема каде што учениците твореа и прикажуваа различни безбедносни ситуации и пишуваа пораки и насоки на однесување дел од учениците вршеа истражување на интернет и изработка на презентации.