22 Септември, "Меѓународниот ден без автомобили“ беше одбележан и во нашето училиште. По повод овој настан членовите на Еко одборот, и учениците од Еко –секцијата спроведоа повеќе активности.
Учениците од Еко-секцијата изготвија и на родителите и локалните минувачи им поделија флаери со содржина која потикнува на користење на велосипедот како превозно средство.
Исто така учениците подготвија и спроведоа анкета со цел да се добијат сознанија за тоа колку вработените и учениците од нашето училиште го користат велосипедот како превозно средство, како и увид во состојбата за рационално користење на автомобилите од страна на наставниците. Во рамките на училиштето беше организиран и меѓуученички натпревар со велосипеди.
Се надеваме дека овие наши активности ќе ги потикнат вработените во училиштето, родителите на учениците и останатите од локалната заедница да ги остават своите миленичиња на четири тркала дома и да уживаат во возење велосипед или пешачење. Со тоа ќе го направат вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.