На 27 септември 2016 година во нашето училиште се спроведоа активности за одбележување на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО со цел да се зголеми свеста кај учениците за вредноста на јаболкото во здравата исхрана.
Учениците вредно работеа под менторство на своите наставници и своите изработки ги изложија на штандот во холот на училиштето. Беше поставен и штанд со јаболка на кој учениците можеа да си купат по симболична цена јаболко и со своите другарчиња да уживаат во благодетите на овој плод.