Европско признание за наставничката Маја Виденовиќ

Европско признание за наставничката Маја Виденовиќ 10-11-2025

Европско признание за наставничката Маја Виденовиќ

Со огромна гордост споделуваме дека наставничката по информатика Маја Виденовиќ од ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје е избрана од BETT UK како една од 10-те жени кои создаваат позитивна промена во образованието преку технологија!
BETT UK EdTech 10 е годишен европски избор што ги истакнува жените кои имаат значителни достигнувања и го промовираат користењето на технологијата во образованието, кои со својата визија, труд и иновации го трансформираат учењето и инспирираат наставници и ученици ширум светот.
Во нашето училиште сме исклучително горди на визијата, креативноста и посветеноста на Маја во поттикнувањето на дигиталните иновации во наставата. Нејзината работа секојдневно ги инспирира нашите наставници да создаваат креативни, интерактивни и современи средини за учење – поддржани од технологијата.
Прочитајте повеќе на официјалната страница на

logo km