Коалиција на младински организации СЕГА објавува
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
на ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ
Троген, Швајцарија
Период на размена: 02.10. - 16.10.2019
Датум на поаѓање: 01.10.2019
Датум на враќање: 17.10.2019
Проект: “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”
Цел: Учесниците ќе се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Одговорности по завршување на интеркултурната размена: Задолжителна вклученост на учесниците во имплементација на работилници за детски права наменети за децата од различните генерации од училиштето и активности од акционите планови креирани за време на размената а се директно поврзани со активностите во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”.
Финансиско учество на учесниците за размената: 3680,00 МКД.
*Екскурзиите за време на размената не се вклучени во сумата за финансиско учество.
Критериуми за учество:
- Година на раѓање: 2006/2007
- Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 17.04.2020 година
- Ученци кои посетуваат редовна настава во ОУ “Елпида Караманди” – Битола, ОУ “Кузман Јосифоски Питу” – Кичево, ОУ “Гоце Делчев” - Гостивар, ОУ “Крсте Мисирков” – Скопје, и ОУ “Христијан Карпош” - Куманово.
- Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории - ученици кои живеат во рурални средини, ученици од семејства кои се корисници на социјална помош/детски додаток, деца без родители, припадници на различни етнички групи, итн. (на увид потребна е потврда за социјална помош/детски додаток/редовен работен однос на родителите не постара од 30 работни дена).
- Предност ќе имаат учениците вклучени во проектот “Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија” (директна вклученост во моделот Дете правобранител и/или Ученичка организација)
- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
- Кандидати/ки кои се во меѓусебни роднински врски или во блиски роднински врски со супервизорот или вработени во училиштето нема да бидат приоретизирани.
Пријавувањето на заинтересираните кандидати е исклучиво онлајн со пополнување на “Пријавата за учество” на следниот линк https://tinyurl.com/trogen-SEGA најдоцна до 08.09.2019 година.
Потенцијалните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју во периодот 11.09. - 18.09.2019 година.
Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации
обратете се на е-маил aplikacija@sega.org.mk.