Почеток на второто полугодие од учебната 2020/ 2021 година


Согласно Календарот за организација и работа на основните училишта во учебната 2020/2021 година (Службен весник на РСМ, бр. 193/2020, 209/2020 и 236/2020), второто полугодие започнува на 21 јануари 2021 година.

Ве известуваме дека наставата продолжува да се реализира согласно Планот за одржување на настава во основните и средните училишта во учебната 2020/ 2021 година. Временскиот распоред на одржување на часови и распоредот на часови остануваат исти како во првото полугодие од учебната 2020/2021 година.

Ви посакуваме среќен почеток на второто полугодие.